ОО на СДСМ Охрид со честитка за католички Божик

ОО на СДСМ Охрид, на сите верници од католичка вероисповест и на сите други жители во општина Охрид кои ги слават празниците според Грегоријанскиот календар, им го честита големиот христијански празник Божиќ, со искрени желби за здравје, среќа и благосостојба во Новата Година.

Бадниковата вечер нека го избрише сето она што би требало да биде заборавено и нека им донесе на сите луѓе мир во душите, спокој во мислите и младост во срцата. За многу години да е Големиот празник. Христос се роди!