Градоначалникот Бакрачески им додели новогодишни пакетчиња на најмладите во Општа болница и „Св.Еразмо“

По повод Новогодишните празници а во рамки на предвидените активностите на Локалната за социјална грижа и заштита на најмладите, денеска Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорите на охридските јавни претпријатија доделија 32 новогодишни пакетчиња за децата кои се лекуваат во детските одделенија при Општата Болница и  Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.

„На овој начин сакавме да им додадеме мал допринос, на среќа и радост на најмладите кои што во моментов се наоѓаат на лекување во овие две здравствени установи во  Охрид. Ова не е се. Нашите активности во поглед на доделување на новогодишни пакетчиња ќе продолжат во наредниве неколку денови, низ неколку градинки. Секако тука ќе бидат вклучени и децата на социјално загрозените семејства и децата со посебни потреби. Овие се редовни активности на Локалната самоуправа кои нема да завршат со новогодишните празници, истото имаме намера да го правиме и во наредниот период за Божиќ и за Богојавление-Водици.“ – изјави градоначалникот Бакрачески.

Директорите на Општата Болница и Специјалната за Ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, д-р Љубен Арнаудов и д-р Митко Тилев во име на вработените и згрижените се заблагодарија  за подароците.

Novogodisni_paketcina_4852