Македонија и Албанија ќе прават заеднички контроли по Охридското Езеро

Република Македонија и Република Албанија манифестираа настан, кој меѓусебно значи зближување, градење на доверба и градење на меѓусебна соработка. Имено, од денеска по законот за рибарсто и аквакултура, Инспекторатот од Р.Македонија и Р.Албанија заедно со граничните полиции ќе прават заеднички контроли по Охридското Езеро.

„Оваа година (2013), Одделението за инспексциски надзор во водите на Охридско Езеро во соработка со езерската полиција и во соработка со концесионерот на Охридско Езеро има запленето преку 2283 мрежи, од страна на Инспекторатот поднесени се 4 кривични пријави, 147 прекршочни пријави, издадени се 147 платни налози во вредност од 115 илјади евра. Со издавањето на концесија на езерото и со подигнување на соработката меѓу Државниот инспекторат за земјоделство и езерската полиција во Охрид, многу е намалена навалата во водата во охридското езеро“. – изјави Јован Бојчовски, државен инспектор за земјоделство од областа на рибарство и аквакултура.

Директорот на државниот иснпекторат за земјоделство во Република Македонија, Румен Стаменов истакна дека како Државен инспекторат тие се должни да ги чуваат рибите од рибокрадци.

„Ние сме должни да ги чуваме рибите, рибата е наше богатство и ние мораме да ја сочуваме, екосистемот на Охридското Езеро и комплетно рибниот фонд, со концесионерот, со физичката заштита, со делувањето на меѓусебно, сега веќе заедничко од страна на Р.Македонија и Р.Албанија. Од наша страна сметаме дека ќе имаме подобра заштита на Охридското Езеро“. – рече Стаменов.

 Инспекторот за рибарство од Поградец, Леонард Манелари рече дека е чест и тие да се грижат за заштитата на Охридското Езеро.

„Ние сме привилегирани што денес сме тука и што ја имаме таа чест да се грижиме за заштитата на привелигиите кои ги дава Охридското Езеро. Денес ние ги преминавме границите исто онака како што рибите ги поминуваат границите. Голема благодарност до граничната полиција што овозможи оваа средба да се реализира“. – истакна Манелари.