Еден таксист во Лас Вегас во своето такси пронашол торба со 300 илјади долари која чесно му ја вратил на сопственикот.
Откако во една од коцкарниците во градот освоил поголема сума, еден среќен, но расеан турист, заборавил торба со пари во таксито со кое се превезувал до хотелот.
Возачот на таксито ја забележал торбата во моментот кога во возилото влегувал друг клиент. Тој веднаш го повикал диспечерот, за подоцна парите да ги земе управата на такси компанијата која се потрудила да го најде сопственикот.
Расеаниот патник побарал да се сретне со таксистот за кој ветил награда.
„И ништо да не добијам, нема проблем. Не очекувам награда, го направив тоа бидејќи сум чесен човек“, – изјавил таксистот кој такси службата го прогласила за „таксист на годината“ и го наградила со 1000 долари и вечера за двајца.