Новогодишна приредба и хуманитарен новогодишен панаѓур во ОУ „Христо Узунов“

Основното училиште „Христо Узунов“ во соработка со детската организација од училиштата, вчера организираше Новогодишна програма. Учениците од ова училиште одржаа новогодишен хуманитарен панаѓур. Собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Покрај новогодишниот панаѓур, ученици од одделенската настава одржаа и новогодишна приредба, во организација на наставничката од училиштето, Наташа Групчева Пупиноска.

„На новогодишната програма учество зедоа сите ученици од трето и петто одделение. Програмата е со новогодишни песни, рецитали и драматизации, она што учениците го совладале во првото полугодие. Со тоа се заокружува и првото полугодие, се одбележуваат новогодишните празници.“ – рече Групчева Пупиноска.

Новогодишната програма продолжува и денес, на која учество ќе земат ученици од второ и четврто одделение од ова училиште.

WebOhrid