Подароци од Форумот на жени и Младинскиот форум на Општинската организација на ГРОМ

 Во рамките на претпразничните активности, денеска, претставнички од Форумот на жени и Младинскиот форум на Општинската организација на Граѓанската опција за Македонија, беа во посета на Одделението за геријатрија и во црквата Св.Ѓорѓија каде што имаат дневен престој лицата со посебни потреби.

 Со новогодишни пакетчиња, претставничките на понежниот пол на ГРОМ најпрвин, им ги честитаа претстојните празници на лицата со посебни потреби  и изнудија насмевка на нивните лица.

 Старите и изнемоштени лица пак, кои престојуваат на Одделението за геријатрија беа пријатно изненадени денеска кога со домашно приготвената храна од страна на вредните раце на жените од ГРОМ-Охрид  се долови вистинска празнична атмосфера.

 „Ние денес не направивме многу, но им подаривме барем неколку моменти на смеа, радост и убаво расположение на лицата на кои тоа им е најпотребно. Дарувањето е гест кој предизвикува позитивни вибрации кај двете страни, и кај оној што дарува и кај оној што прима!“ – велат претставничките од понежниот пол на ГРОМ.