Од ноќеска на полноќ бензините поскапуваат за половина денар, додека пак дизелот останува со истата цена. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за половина денар, односно новата цена за литар ќе биде 78,50 односно 80 денари.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денари, додека мазутот поевтинува за 0,525 дденари за килограм и новата цена изнесува 40,208 денари.