Наскоро со работа ќе започне Литературниот клуб „Григор Прличев“

Од НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, ги известуваат сите љубители на пишуваниот збор дека од 10-ти јануари со работа ќе започне Литературниот клуб „Григор Прличев“ кој повторно ќе функционира во рамките на Библиотеката.

Литературните средби ќе се одржуваат секој петок во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид во временски интервал од 17 до 19 часот.