Оштетени 24 корпи за ситен отпад

За време на новогодишните празници оштетени се корпи за ситен отпад поставени на Градскиот плоштад, кејот и старата охридска чаршија. Оштетени се 24 корпи, а како што велат од јавното претпријатие, загрижува фактот што на потегот од првиот до вториот чинар сите корпи се демолирани.

Денеска екипите на „Охридски Комуналец“ пристапија кон санација на состојбата и поставување на нови корпи за ситен отпад.

OsteteniKorpi2