Во Полска, еден човек возејќи автомобил под дејство на алкохол, усмртил шест лица на тротоар, меѓу кои и едно дете, соопштува локалната полиција.
Возачот ја изгубил контролата врз возилото и на лице место прегазил 5 лица, додека пак три биле итно пренесени во болница, од кои едно им подлегнало на повредите.
Возачот имал 2 промили алкохол во крвта, а се соочува со затворска казна од најмалку 12 години.