Бадник и Божик неработни денови

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, додека пак 7 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им ги честита Бадник и Божик на граѓаните од православната вероисповед.