За Божиќ бесплатен паркинг во централното градско подрачје

ЈП „Билјанини Извори“ по повод големиот христијански празник Божиќ донесе одлука утре, 7-ми јануари (вторник) користењето на услугите на јавниот градски простор да бидат бесплатни за сите нејзини корисници.

„Убедени сме дека граѓаните на Охрид и сите гости ќе ја поздрават оваа одлука која е донесена се со цел ЈП „Билјанини Извори“ да се приклучи во чествувањето на големиот празник секако промовирајќи ги нејзините христијански вредности“. – велат од претпријатието.

ЈП „Билјанини Извори“ воедно ги потсетува сите граѓани на Охрид дека на претпоследната седница на Советот на Охрид се донесе одлука ЈП „Билјанини Извори“ да го преземи стопанисувањето на градските улици од поширокиот централен регион, така што на ден 08. 01 2014 година ( среда ) ЈП „Билјанини Извори“ официјално ќе започне со стопанисувањето на улиците: Димитар Влахов, Партизанска, Новопроектирана улица ( пред Тутунска банка ), Ванчо Николески и Кеј Маршал Тито по нејзината цела должина. Улиците кои се преземаат ќе бидат дел од веќе воспоставената Зона Б и ќе се наплаќаат со веќе постоечкиот утврден ценовник 20 денари за секој саат кој е за 30 денари понизок од утврдениот ценовник со кој стопанисуваше предходниот закупец на горенаведените улици. 

ЈП „Билјанини Извори“ изразува голема благодарност до Советот на град Охрид, посебно до градоначалникот Никола Бакрачески кој од самиот почеток настапи решително со низа позитивни одлуки во интерес на претпријатието се со цел од ЈП „Билјанини Извори“ како повеќегодишен загубар да изгради современо Јавно претпријатие кое самостојно ќе успева да ги исполнува обврските. 

ЈП „Билјанини Извори“ им посакува на сите граѓани на Охрид, Република Македонија и на сите наши иселеници од православна вероисповед  добро здравје, успех во работата и благосостојба.

Нека ни е честит големиот христијански празник! ХРИСТОС СЕ РОДИ!