Општинската организација на СДСМ-Дебарца на сите граѓани, православни христијански верници им го честита Христовото Рождество-Божик, најрадосниот христијански празник, празникот на раѓањето на нов живот, празникот од кој се очекуваат нови почетоци и нова надеж за подобри и посреќни денови.
Нека во Годината која е пред нас биде помалку немир, а повеќе мир, помалку омраза, а повеќе љубов, помалку неслога, а повеќе слога.
Честит Божик! Ви посакуваме христијанска љубов, лична и семејна среќа, насмевки и топлина, и секако верба во можноста за ново раѓање на добрината, меѓусебната почит и чесноста.
Христос се роди! Навистина се роди!
ОО СДСМ ДЕБАРЦА