Германската полиција заплени поголема количина кокаин кој стигнал во кутии наместо банани, во повеќе супермаркети во Берлин.
Пратката со „овошје“ стигнала од Колумбија, а претходно ја поминала царинската контрола во Хамбург.
Олаф Шрем, задолжен за борба против наркотици во берлинската полиција, изјавил дека шверцерите најверојатно направиле грешка веднаш по царинењето и ги зеле погрешните пакети во кои имало банани.
Проценето е дека вредноста на запленетиот кокаин е околу шест милиони евра.