Мизо: Охридско-струшкиот регион има голем потенцијал да биде еден од лидерите во привлекување на инвестиции во Македонија

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид денес одржа прес-конференција на која, најпрво кандидатите за пратеници од 5-тата изборна единица, Александар Николоски, д-р Сашо Василевски и д-р Љубен Арнаудов, како и директорот на Дирекцијата за слободни еконмски зони, Виктор Мизо, на сите граѓани на Охрид од православна вероисповед им го честитаа најголемиот христијански празник Велигден, и им посакаа убави празнични моменти во кругот на семејството, многу здравје, како и лични и семејни успеси во иднина.

Пратеникот Александар Николоски, рече дека традиција на ВМРО-ДПМНЕ е за Велигден да се соопштуваат убави вести, и токму поради тоа денес на прес средбата соопштија детали поврзани со двете големи инвестиции во Охрид кои треба да овозможат како што кажа 1800 нови вработувања, како и изградбата на слободната економска зона во охридско-струшкиот регион, која што се надеваат дека во иднина ќе донесе уште повеќе вработувања.

PressDPMNE

За таа цел, зборуваше директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо.

„Како охриѓанец горд сум што можам да кажам дека успеавме овие две многу значајни германски инвестиции да ги донесеме во Македонија. Првата компанија ODW-ELEKTRIK пред десетина дена официјално објави дека донесе одлука да инвестира во Охрид, со вработување од вкупно 1000 луѓе. Таа компанија е директен добавувач на американската компанија Key Safety Systems која ќе започне со градба на фабрика за воздушни перничиња во Кичево. За ODW-ELEKTRIK важно е што тие ќе се тука во средината на мај, ќе ги започнат сите активности околу потпишување на договорот со постоечкиот објект во кој ќе започнат со работа, каде до крајот на годината ќе се вработат 100 луѓе, а потоа ќе започнат со градба на својот објект во слободната економска зона.“-истакна Мизо.

Како што рече Мизо, Слободната економска зона во охридско-струшкиот регион е директно лоцирана од западната стран од аеродромот, веднаш до патот помеѓу Охрид и Струга.

„Она што е важно е тоа дека можам да најавам дека некаде во рамките на месец август ќе започне со градба на оваа зона, и многу слично како она што беше случај за слободната економска зона во Штип. Се започнува со градба и паралелно релативно краток времеснки период после тоа ќе започне со градба и на објектот на компанијата, што значи дека некаде до средината на идната година, треба зоната да биде функционална и опремена на начин да може да започне со работа и првата инвестиција која се планира во овој регион и таа зона нормално дава големи можности за други компании да го лоцираат своето производство во овој регион.“– рече Мизо.

Втората компанија, посочи Мизо е германска компанија од автомобилската индустрија, која планира да вработи околу 800 луѓе.

„Тие беа тука во Охрид, на терен оваа недела, а планираат повторна посета за месец и половина. Ги разгледувавме и потенцијалите за нова гринфилд инвестиција во слободната економска зона како и дел од постоечките објекти.“ – додаде Мизо.

Директорот Мизо истакна дека во релативно блиска иднина, голем број на луѓе во Охрид ќе бидат вработени во мултинационални компании кои се водечки во својот сектор, а истовремено ќе има можности да се привлекуваат и други компании кои се или нивни добавувачи или поради нивното реноме. Целиот охридско-струшки регион со популација од околу 120 илјади жители, додаде Мизо има голем потенцијал да биде еден од лидерите во привлекување на инвестиции во Македонија.

WebOhrid