ЛДП: Какви проекти презентираше Општина Охрид пред Светска банка?

„ЛДП сѐ уште е во исчекување на одговорот од Секретарот од Општина Охрид за тоа какви се проекти општината презентираше пред Светска банка. Имајќи предвид дека Секретарот можеби празнично беше сопрен да одговори, го потсетуваме уште еднаш.

Во меѓувреме, бараме  Владата на РМ да му помогне на Охрид и својот Градоначалник затоа што, според изјавите од Секретарот, Владата не била заслужна ни за овој кредит од Светска банка, иако гаранциите за кредитот ги издава токму таа!

ЛДП само ја потсетува новата Локална власт на нејзините ветувања за транспарентност и брз одговор во служба на граѓаните.“ – истакнуваат од ОО на ЛДП Охрид.