Административната зграда во Косел се става во функција

Од наредната недела, општинската зграда во Косел се става во функција, со цел поблизок контакт со граѓаните од тој регион.

„На средбите со граѓани кои што ги имавме во изминатите 7 месеци многу често од страна на жителите на поранешната Општина Косел, до нас стигнуваше барање за одржување на средби токму во општинската зграда во Косел, затоа што тие имаат финансиски потешкотии да стигнат до Општина Охрид. Целта на сегашното префрлање на дел од администрацијата во општинската зграда во Косел е да се доближиме до тие граѓани, секојдневно да имаат можност да остваруваат комуникација со стручни служби на општина Охрид, тие служби да ги евидентираат нивните проблеми и понатаму многу е полесно за вработени во општинската администрација да ги проверат до каде се предметите на граѓаните и да нема потреба тие да доаѓаат“. – изјави секретарот Спасески.

Еден од приемните денови на секретарот Спасески ќе се одржува токму во оваа зграда, што значи дека три приемни денови ќе се одржат во општинската зграда во Охрид, а еден ќе се одржува во општинската зграда во Косел.

„Се надевам дека и оваа реформа ќе биде прифатена од страна на граѓаните, ние сме во нивна функција апсолутно работиме за нив. Уште еднаш ќе повторам дека овде нема ништо тенденциозно, едноставно ја ставаме во функција општинсктата зграда во Косел која што по завршување на работење на општина Косел практично била наша но никогаш не била во финкција, а морам да кажам дека е во одлична кондиција. Се работи за зграда која ги исполнува сите потребни стандарди за нормално одвивање на работните задачи таму“. – додаде секретарот Спасески.

Доколу законската регулатива дозволува, во иднина се планира поставување на против пожарно возило и на дел од против пожарникарската екипа таму за да може што побрзо да се интервенира.