Од Регулаторната комисија за енергетика, информираат дека бензините поевтинуваат за еден, а дизелот за 1,50 денари за литар.
Од ноќеска на бензинските пумпи ќе се точи поевтин бензин за еден денар, додека дизелот ќе биде поевтин за 1,50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 денари за литар, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 57,50 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 денари за литар и ќе чини 68,50 денари за литар. И цената на мазутот се намалува, па ќе изнесува 39,384 денари за килограм.