По 16-ти пат Василичарски карневал во Куратица

Курајчкиот карневал традиционално по 16-ти пат се одржува оваа година. Оваа година манифестацијата ќе трае 3 дена.

„Традицијата што ја наследивме ја продолжуваме. Шеснаесеттото издание на Курајчкиот карневал во Куратица, веќе е подготвено. Оваа година манифестацијата ќе трае 3 дена. Почетокот беше синоќа со настап на „DJ Nasty Deluxe“ кој траеше до 2 часот после полноќ. Традиционалниот дел на карневалот започнува вечерва во 18:00 часот со збирање на групата околу василичарскиот оган. Таа секогаш брои околу 200 – 300 луѓе кои во 19:00 часот тргнуваат во посета на секоја куќа во селото, целата оваа манифестација завршува во 04:00 часот по полноќ. Следниот ден во 11:00 часот започнува припремата на традиционалното јадење варењца и завршетокот на карневалот е во 18:00 часот“,  – изјави Горан Ангелоски претседател на месната заедница Куратица.

Оваа година целосно покровител на манифестацијата е Општина Охрид. За забава на посетителите ќе се погрижат Спасен Силјаноски и групата Маестрал од Битола, а водител на манифестацијата е Жанко З’ш Голабоски. Карневалот е со натпреварувачки карактер. Ќе се избираат најубави детски и возрасни маски. Организациониот одбор на карневалот Ве поканува, а вооедно и Ви гарантира одлична забава.

Press_Kuratica_2