Древниот Египет и Прилепски свадбари победници на овогодинешниот Курајчки Карневал

Заврши шеснаесетото издание на Курајчкиот Карневал на кое зедоа учество голем број на маски.

Од детските маски третото место им припадна на маската со тема „Панкерот не е мртов“, второто за „Раѓањето на Исус“, а првото место за „Древниот Египет“. Додека кај возрасните маски трето место им припадна на „Василичарите од Бардовци“, второто место за „Ноќниот клуб Куратица“, а првото место им припадна на гостите од Прилеп со „Прилепски Свадбари“. Временските услови дополнително придонесоа за максимална посетеност и оваа година. Како покровител на манифестацијата оваа година е Општина Охрид.

извор: kuratica.eu

Kuratica2014_a Kuratica2014_b Kuratica2014_c