Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 24-24 против репрезентацијата на Чешка, во рамките на второто коло од Европското првенство кое се одржува во Данска.
И покрај добриот старт на Македонија на почетокот од овој натпревар, Чешка успеа да се соземе и да направи пресврт во првото полувреме кое заврши 10-11 во корист на Чесите.
Нашите ракометари играа подобро во второто полувреме дојдоа до предност од два голови која ја држеа подолго време, но грешките во нападот кои Чешка ги казнуваше со гол, придонесоа на крајот овој натпревар да заврши нерешено 24-24.
На овој натпревар, Кире Лазаров имаше одличен настап во националниот дрес со 12 постигнати голови.
Во Групата А, Данска е на првото место со 4 бодови, Австрија е на второто место со 2 бодови, а на третото и четвртото место се Македонија и Чешка со по еден бод.
Во четврток (16 јануари) Македонија ќе игра против Австрија во 18:15 часот.
WebOhrid