Ј.П. Охридски Комуналец Охрид со сите расположливи ресурси активно е вклучен во организација за одбележување на празникот Богојавление Водици. На градското пристаниште е поставена мала бина.Со верски знамиња е украсен градскиот плоштад, ул.Коста Абраш и ул.Цар Самоиул.
На улицата Македонски Просветители и плоштад се поставени државни знамиња и знамиња на општина Охрид.
Извршено е украсување со зеленика и бршлен на бродовите “Александрија 1″,”Александрија 2″ и бродот “Галеб”, светилникот и канделабрите околу градското пристаниште. На градското пристаниште поставени се 20 тезги и заштитна ограда.Ќе се постават 20 канти за отпад на градското пристаниште на 19.01.2014.
Се средува месноста Сараиште каде на 20.01.2014 ќе се изврши масовно крштевање (отстранети се дел од кајчината, искосена е тревата и уреден е просторот).