Христијан Јанкулоски го фати светиот крст во Велестово

17-годишниот Христијан Јанкулоски е најсреќниот фаќач на светиот крст во Велестово, меѓу 35-мината скокачи. На среќниот фаќач, од црквата „Голема Богородица“ од Велестово му подарија златно крсте и икона, а крст подарок доби и од резбарот Пере Блажески.

Наградите ги делеше капитенот на женската фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години, Симона Крстаноска од Велестово.

Се верува дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба  во текот на целата година.

WebOhrid