Денеска во Велгошти на празникот Водици се собраа голем број на верници. За разлика од лани оваа година, чесниот крст беше фрлен во базенот покасно околу 08:30 часот. Базенот е изграден за Водици пред повеќе години.
По чесниот крст во базенот скокнаа голем број на млади Велгоштани. Најсрекен од сите беше младиот Шапкароски Игор -Цапе. Се верува дека оној кој ќе го фати крстот цела година ќе го следи среќа, здравје и благосостојба.
Извор: Velgosti.com