Граѓаните од Охрид ја добија наградата за „Трајно уништување на рибниот фонд на Охридско Езеро“

На Конкурсот за доделување на награда за животно дело „Трајно уништување на рибниот фонд од Охридско Езеро“ во период 1991-2014 година пристигнати се 49 пријави за кандидати од трети лица и тоа за:

– Две научни установи од областа на рибарство

– Два концесионери за стопански риболов

– Концесионер за рекреативен риболов

– Поранешен директор на рибарско стопанство

– Водна заедница

– Две здруженија на граѓани

– Два државни инспекторати

– Четири подрачни единици на министерства

– Две локални јавни претпријатија

– Две министерства

– Двајца министри за земјоделство

– Заменик министер за земјоделство

– Пет доктори по рибарство

– Двајца магистри по рибарство

– Поранешен сопственик на брод

– Три ресторани

– Два хотели

– Државна компанија

– Три градежни фирми

– Десет граѓани на Охрид без функција

Комисијата од три члена одлучи наградата за животно дело „Трајно уништување на рибниот фонд на Охридско Езеро“ за период од 1991 до 2014 година да ја додели на ГРАЃАНИТЕ од Охрид.

Одлука на комисијата е уметничката слика од охридска пастрмка да се однесе во музеј, а плакетата за животно дело на граѓаните од Охрид  да се достави до Општина Охрид за да го краси кабинетот на Градоначалниците. 

Здружение на рекреативни риболовци

Свети Апостол Петар од Охрид