Елшанци – најранобудни верници

Елшанци сануваат од 5:00 осветуваат вода во црквата „Свети Илија“ и подоцна, точно во 6:00 се фрла крстот во водите на елшанските извори каде присуствуваат над 90% од жителите на Елшани, а потоа сите на оро и со песна македонска! Оваа година светиот крст го фати Ристе Матлиоски.

По неколку саати од сите елшански домаќинства пред 12:00 по двајца од куќа – елшанци заминуваат на светијонски ручек кај Кумот! Има 5 крстови, односно 5 колови каде најмалиот има помалку од десет куќи, а најбројниот повеќе од 50.

По ручекот околу 15 часот па се до 18 сите селани и сите крстови одат на средсело каде се игра најголемото оро. Тогаш е најубаво Елшани: најнасмеано, највесело, најразиграно…

WebOhrid/Фотографии: Дим Дон & Танчино