Повторно пораз за македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во Данска. Овој пат Македонија изгуби од Исланд со 27-29.
Добро започна првото полувреме за нашата репрезентација, со разлика 4-0 на самиот почеток, но типично, како и на речиси секој натпревар, нашите успеаа да направат од готово вересија, па на противникот му дозволија да изедначи и да дојде во водство од три голови 11-14 на полувреме.
Македонската репрезентација имаше добар старт и на почетокот од второто полувреме. Нашите изедначија за само неколку минути игра, но повторно, кога беше најнеопходно, не успеаа да одиграат добро во напад, со што Исланд успеа да дојде до мала предност која ја задржа до крај, со резултат 27-29.
Следниот натпревар е во среда во 16:00 часот, кога Македонија игра против Шпанија.
WebOhrid