СВР Охрид поднесе известување против Ф.Е.(56) од Ресен, за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 01.12.2013 година, во 21:50 часот, на бензинската пумпа на АД „Макпетрол“ во с.Велгошти, охридско пријавениот при точење бензин во возило на вработениот на пумпата му платил со фалсификувана банкнота од 500 денари.