Решен деценискиот проблем на жителите од населбата Даљан

Денес во населбата Даљан, на потегот кај ОУ „Св.Климент Охридски“, Општина Охрид ги урна рунираните објекти. Овие објекти претставуваа потенцијална опасност за учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“ и за жителите на населбата Даљан.

На овој простор планирано е хортикултурно и партерно уредување. Со уривањето на овие објекти кои се во непосредна близина на  ОУ „Св.Климент Охридски“, се решаваат долгогодишните потреби на жителите од оваа населба.