Се расчистуваше улицата „Марко Цепенков“

Во текот на вчерашниот ден, но и денес, екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” работеа на расчистување на зараснатите тротоари на улицата „Марко Цепенков” на потегот од инфективното одделение до кружното на пресекот со ул. „Момчило Јорданоски”.

„Ангажирани беа четворица работници, при што отстранети се делови од зелената жива ограда, гранки од дрвја и диви жбунови од приватните имоти кои го попречуваа движењето на пешаците и ја попречуваа видливоста на сообраќајните знаци.“– информираат од претпријатието.

Во текот на наредните денови акцијата ќе продолжи и во стариот дел на градот кај охридското „Кале”, во населба „Исток”, на ул. „7ми Ноември” и по другите улици каде што ќе има потреба за истото.