Светиот крст од Коселска Река го извади осмоодделенецот Кирил Симоновски

И оваа година  коселчани, традиционално, го фрлаа светиот крст во водите на Коселска Река.

Меѓу бројните и многу повозрасни верници, највешт и најсреќен беше најмалиот меѓу нив – тринаесетгодишниот осмооделенец Кирил Симоновски. Тој секако беше и највозбуден затоа што ова беше и за него светол и свет чин. Му посакуваме да му биде среќна цела оваа 2014 година и да му донесе многу успех нему и на неговото семејство.