Еко патроли во ОУ „Св.Климент Охридски“

Во ОУ „Св.Климент Охридски“ со почетокот на второто полугодие започна и конституирањето на еко патролите во училиштето.

Во изминатово полугодие беше правена анализа за свеста кај учениците за фрлањето отпад на несоодветно место, со што беше констатирано дека корпите за отпад од страна на учениците не се користат според целите предвидени во планот за работа на училиштето. Со тоа започнаа со работа Еко патролите кои ги сочинуваат ученици од II-VIII одделение. Нивната задача и цел е да се подигне свеста за природата и чистотата на училиштето, а со тоа и на околината.“– истакна директорот на ОУ  „Св.Климент Охридски“, Јордан Пуроски.

Пуроски рече дека овие ученици ќе носат залени марами за време на големите одмори и ќе ги известуваат и советуваат  учениците да го фрлаат отпадот на соодветно место, а со тоа што за истото водат дневник во т.н.„зелена книга“.

Во тој дневник се пишуваат учениците кои не се придржувале до нивните совети, а потоа со тие ученици се оддржуваат предавања за подигнување на свеста за заштита на животната средина.Нашето училиште може да се пофали со високото ниво на хигиена, но со овој чекор сакаме допринос во тоа да остават самите ученици, а не само техничката служба.“-додаде Пуроски.

EkoPatroliSvKliment02