Најдобар Велосипедист 2013, беше насловот на пригодната свеченост која се одржа вчера вечер во ново отворениот приемен салон на Македонски Телеком, на плоштадот Македонија во Скопје.
Пријатни моменти и дружба на сите инволвирани во велосипедскиот спорт како во минатото така и денес, претседателот и секретарот на Македонскиот Олимписки Комитет, Агенцијата за Млади и Спорт, Сојузот на Спортови на РМ, Градоначалници, Спонзори и Помагатели. Причина за сето тоа секако беше плодната и успешна година на Велосипедската Федерација. Севкупно организирани 36 велосипедски натпревари, учество на 9 меѓународни натпревари, Балкански и Европски Шампионати, Светски купови и завршница со Светските Шампионати во Планински и Друмски Велосипедизам. Успеси и резултати какви што не се забележани во историјата на Македонскиот Велосипедизам.
Според ранг листата, Охридски Екодром најуспешен во планински велосипедизам, четврти во друмски, шести во велокрос. Во планински велосипедизам недостижни во секој поглед, златните пехари во сите категории во рацете на Екодромци. Севкупно освоени 8 пехари, 5 златни, 1 сребрени и 2 бронзени според следниот ранкинг:
Планински Велосипедизам, клубскиот златен Пехар – Трофеј, во најелитната категорија Елит – Сениори, злато за Бленди Троци, У23 злато за Христијан Николовски, Јуниори злато за Јован Јованоски и Кадети злато за Новица Велјаноски. Сребрен медал во Јуниори за Петар Упевчески. Во друмски велосипедизам бронза за Јован Јованоски и Велокрос бронза за Петар Упевчески.
Последното девето одличје – златна плакета за посебен придонес, афирмација и развој на велоспедскиот спорт во Република Македонија ја доби општина Охрид – Градоначалникот Никола Бакрачески. Од оправдани причини Градоначалникот не присуствувал на свеченоста, плакетата дополнително ќе му биде врачена во согласност со протоколот и обврските,велат од Клубот Еко- Дром.
Од таму изразуваат благодарност до сите нивни симпатизери, за кои како што велат на некој начин допринеле, нивниот постигнат успех да достигне вака високо ниво.