Честитка од градоначалникот Бакрачески до српската заедница по повод празникот Св.Сава

Градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка до припадниците на српската заедница во Охрид по повод одбележувањето на Свети Сава, националниот празник на Србите.

„Ми причинува особено задоволство во името на граѓаните на општината и во мое лично име, по  повод празникот Свети Сава, да упатам искрени честитки до српската заедница од Охрид. Воедно на нашите сограѓани од српска националност им посакувам многу здравје, среќа, просперитет, благосостојба и духовен мир.

Меѓусебното разбирање и почитување на традиционалните и културните вредности, се надевам дека и натаму ќе бидат темел за нашиот соживот, а српската заедница, како и досега,  ќе дава важен придонес во јакнењето на општеството и просперитетот на Охрид“. – стои во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески до српската заедница по повод одбележувањето  на националниот празник Свети Сава.