На само еден месец пред почетокот на Европското првенство што треба да се одржи во Москва, Нина Балабан од стрелачкиот клуб „Охрид“ од Охрид се закити со златен медал на меѓународниот Турнир во Врање што се одржа вчера по повод ослободувањето на град Врање. Во конкуренција на жени Нина Балабан испука 392 кругови (се пукаше на цели кругови) и со тоа уште еднаш покажа дека е број еден во стрелаштвото на Македонија.
Младиот јуниор пак Мартин Гоџоски полека но сигурно оваа година чекори кон врвот. На овој натпревар тој се закити со бронзен медал, пласирајќи се зад Милош Тасиќ (репрезентативец од Србија) и Никола Ристиќ (најуспешен кадет на Србија за 2013 година).
Во недостаток на настапи од европски и светски ранг, клубот прави максимални напори да ги одржи стрелците во форма, вклучувајќи ги на вакви меѓународни турнири. За тоа пак колкава е неодговорноста на МССФ зборува и фактот дека сеуште не е донесен Календарот на активности за 2014 година па се прашуваме дали оваа федерација воопшто им посакува добро на стрелците или пак сака да ги задоволи само личните интереси. Најголем доказ за тоа е што иако денес е последниот рок за пријавување за Европското првенство во Москва, како по навика молк во МССФ. По бројните преписки до МССФ, клубот досега нема добиено никаква информација дали нашиот стрелец Нина Балабан е пријавена за настап на истото. Иако од таму мудро молчат или ако ја пријавиле без согласност на клубот, а спротивно на Одлуката на Собрание на МССФ дека секој стрелец треба да си настапи со својот тренер на натпревар, клубот информира дека нема да се дозволи настап на наш стрелец на било каков натпревар со трето лице кое нема ама баш никаков уддел во успехот нa стрелците“. – велат од стрелачкиот клуб „Охрид.