Цените на горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар. Вака одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена Еуросупер БС-95 ќе изнесува 78 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 79,50 денари за литар, а Еуродизел ќе се точи по цена од 69 денари. Поскапува и Екстра лесното масло за домаќинства и новата цена ќе изнесува 58 денари за литар. Мазутот поскапува за 0,702 денари за килограм и новата цена ќе изнесува 40,086 денари за килограм.