Апел за помош на јуниорскиот кошаркарски репрезентативец – Дарио Митров

Младиот кошаркар на Работнички и македонски јуниорски репрезентативец, Дарио Митров, на тренинг со својата екипа се здобил со сериозна повреда на десното око, за што итно треба да се оперира во странство.

Клиничкиот конзилиум на Универзитетската Клиника за очни болести од Скопје, констатира дека итно му е потребна операција во Брисел (Белгија), каде што докторите гарантирале за подобрување на неговиот вид.

Сите кои сакаат и се во можност да му помогнат на Дарио, можат да донираат 100 денари од мрежата на Т-Мобиле на телефонскиот број 070/143-112.