Починал поради неуспешен скок во публиката

28 годишен маж, за време на хеви-метал концерт во Швајцарија скокнал во публиката, но публиката не успеала да го фати и тој паднал на под.

На прв поглед случајот воопшто не изгледал сериозен. Тој станал и отишол да се измие, по што обезбедувањето за секој случај го однело во болница. Следниот ден состојбата му се влошила и тој починал, по што е известена полицијата и е започната истрага за случајот.