Стружанец украл 40 илјади денари од обложувалница

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Тешка кражба на дрзок начин“  полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Н. (43) од  Струга.

На 28-ми јануари оваа година, околу 10 часот и 30 минути, пријавениот од обложувалницата „Бетсити Балкан“ во Струга, противправно одзел 40.ооо,оо денари што ги пронашол во касата.

Тоа го направил одкако од страна на вработените во спортската обложувалница му било кажано дека неговиот спортски тикет е недобитен. Изреволтиран поради тоа, А.Н. кој сметал дека има добитна комбинација, се упатил кај директорот на обложувалницата кој, по извршената проверка му соопштил дека се работи за недобитен тикет.

Тогаш, А.Н. ја забележал касата, од каде мошне брзо успеал да ги одземе парите и да избега од местото. По кратко време, полициските службеници кај него пронашле и со потврда му одзеле 39.000 денари.

По дополнително извршените проверки, констатирано е дека спортскиот тикет бил со недобитна комбинација.