Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности утре во посета на Охрид и Струга

Агенцијата за катастар на недвижности и оваа година продолжува со веќе започнатата акција „Отворено со катастар“.

Утре и на 6 февруари стручни лица од секторот за внатрешна контрола на чело со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески ќе бидат во посета на подрачните одделенија во Струга и Охрид.

Меѓу другото директорот на Агенцијата ќе одржи работен состанок со сите раководни лица на подрачни одделенија, каде темата ќе биде процесот на дигитализација на катастарските општини и нивната важност.

WebOhrid