Денеска во посета на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ беше генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски. Генералниот секретар за време на посетата оствари средба со директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев, при што подетално се запозна со внатрешните инфраструктурни поединости кои ги нуди Спортската арена „Билјанини Извори“.
На средбата беше најавена посета на висока делегација на Светската ракометна интернационала за во сабота, која ќе изврши инспекција на Спортската арена „Билјанини Извори“, домаќин на Светското ракометно првенство за кадети – жени, кое ќе се одржи од 19 јули до 2 август годинава.