Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека денес, 4 февруари (вторник), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети апостол Тимотеј“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.