Шпанската полиција заплени 900 килограми кокаин кој се наоѓал во ранци кои пловеле по морето, со уреди за следење.
Кокаинот бил сокриен во 37 ранци, опремени со софистицирана опрема за пловење и следење, со цел подоцна да бидат лоцирани и извадени од морето. Полицијата претпоставува дека дрогата била наменета за јужниот регион Коста дел Сол, кој е популарен кај странските туристи.
Вредноста на дрогата не е потврдена, а запленети се и 72 илјади евра во пари, како и накит, часовници, возила и еден брод.
Во операциите против припадниците од криминалните групи, осомничени за шверц на наркотици и перење на пари, во Валенсија и Малага уапсени се пет лица.