Во рамките на своите активности во делот на првата помош, со цел освежување на постоечките и стекнување на нови знаења за укажување на прва помош, Црвен крст Охрид започна со изведување обуки по прва помош со вработените во образовните институции во Охрид и Дебарца. Обуките ги содржат најновите знаења, вештини и техники за укажување прва помош според стандардите на Велика Британија, а ги водат меѓународни инструктори на Црвен крст Охрид.
Повеќе детали и информации за тоа можете да добиете на обуката која денес, утре и задутре во периодот од 10 до 12 часот, во просториите на Црвен крст Охрид, се одвива за наставниците од ОУ „Братство Единство“ Охрид.