Олимписка обука за напреден спортски менаџмент (петта генерација)

Македонскиот олимписки комитет во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), на 16 Октомври 2017 година ќе ја започне Олимписката обука за напреден спортски менаџмент (петта генерација), за која силно смета дека е основа и еден од главните фактори за постигнување на врвните спортски резултати на најдобрите македонски спортисти. Станува збор за многу обемна и квалитетна едукативна спортска програма која претставува теоретско-практична платформа за унапредување на работата во рамките на Олимписките спортски организации (ОСО) во кои спаѓат спортистите, тренерите, судиите, спортските клубови, НСФ-ии, Меѓународните спортски федерации, Националните олимписки комитети, ИОК, Организационите…

повеќе...

Обука за претставници од единиците на локална самоуправа и локални младински совети

Обуката се организира од страна на Советот на Европа и Агенцијата за млади и спорт. Ќе биде водена од меѓународен тим на искусни обучувачи, кои ќе користат алатки за неформално образование и кои преку меѓукултурното учење ќе опфатат различни теми, кои ќе бидат корисни за учесниците. Агенцијата за млади и спорт преку неодамна усвоената Национална стратегија за млади (2016-2025) има за цел да го поддржи развојот на капацитетите на локалните младински совети и да придонесе кон ефикасно креирање на локални младински стратегии. Оваа институција упати покана до Советот на Европа…

повеќе...

На 21ви септември стартува нов циклус „Час за детски приказни на англиски јазик“

Црвен крст Охрид го најавува почетокот на новиот циклус од едукативната програма ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК кој ќе стартува на 21.09.2017 година и ќе трае 15 недели. ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК е програма која постои повеќе од 8 години во рамките на програмските активности на Црвен крст Охрид и е наменета за деца од 4 до 7 годишна возраст. Оваа интересна програма овозможува поттикнување и развој на креативноста, емоционалната сигурност, хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст. Тимот волонтери кои ја водат…

повеќе...

Упис за тренерски курсеви за добивање на УЕФА Б и УЕФА А тренерска диплома

Центарот за Едукација на Фудбалската Федерација на Македонија објавува упис за добивање на тренерски дипломи и лиценци, и тоа за следниве нивоа; УЕФА Б и УЕФА А. Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување за еден од горенаведените курсеви во прилог на своето барањето треба да ги достават и следниве документи: За УЕФА Б Курс: – Најмалку 22 години старост, копија од лична карта или пасош – Најмалку 4 години активно играње фудбал во сениорска конкуренција во редовно натпреварување, во било која сениорска лига, потврда од клуб или потврда од ОФС…

повеќе...

Четвртата генерација деца успешно ја заврши интернационалната едукативна Бреинобреин програма

Четвртата генерација на деца кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, успешно ја заврши интернационална едукативна Бреинобреин програма. Тие деновиве го положија последното десетто ниво и се стекнаа со меѓународно призната диплома. Како награда за својата посветеност и успех, предводени од тренерите тие уживаа во еднодневна екскурзија во прекрасната природа на Вевчани. Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, како прв франшизен центар на Балканот, започна да се имплементира во 2010 година и неа за 6 години…

повеќе...

Школата на Барселона доаѓа во Охрид

Од 21 до 27 август на терените на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид ќе престојува кампот на Школата за фудбал на Фудбалскиот Клуб Барселона. Школата на Барселона е отворена за деца од 6 до 16 години, а тренинзите ќе се одржуваат на новиот терен со вештачка трева и на стадионот на СРЦ „Билјанини Извори“. Котизација за учество на кампот изнесува 19,700 денари, а во овој износ се вклучени: тренинзи со тренери од Школата на ФК БАРСЕЛОНА осигурување од повреди за време на тренинзите хотелско сметување 7 дена со вклучен доручек,…

повеќе...

Едукација и обука на полициските службеници во СВР Охрид

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Министерството за внатрешни работи согласно своите надлежности и согласно приоритетите, целите и мерките од Втората национална стратегија 2015-2020, денес и утре во Охрид ја организираат првата од серијата дводневна работилница за надлежните лица од МВР на која преку размена на искуство, знаење и информации ќе се анализираат состојбите со безбедноста на патниот сообраќај на локално ниво, начините на работа и ќе се дефинира пристап, методи и мерки како актуелната состојба може да се подобри односно да се намали бројот на загинати…

повеќе...

Обука на полициски службеници од СВР Охрид за унапредување на сообраќајот на патиштата

Викендов во Охрид ќе биде одржана обука на полициски службеници од СВР Охрид и претставници на локалната самоуправа за унапредување на сообраќајот на патиштата. Целта на обуката е унапредување на нивните знаења, вештини и компетенции за постапување кон унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку правилно прибирање и обработка на податоците за сообраќајни незгоди во соодветниот регион, анализа и утврдување на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат полициските службеници во своето дејствување во унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, оценка на состојбите и успехот на работење на…

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи обука за следење на состојбата на безбедноста во сообраќајот на патиштата

Утре во Охрид ќе биде одржана обука за следење на состојбата на безбедноста во сообраќајот на патиштата со примена на индикатори. Обуката, наменета за претставници на Министерството за внатрешни работи и претставници од единиците на Локалната самоуправа, доаѓа по неодамнешната препорака на Владата на Република Македонија до сите единици на локалната самоуправа, да формираат работни групи на локално ниво што ќе бидат задолжени за следење, мерење, обработка и доставување на податоците во врска со индикаторите за следење на безбедноста на сообраќајот. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, дефинира…

повеќе...

Упис за тренерски курсеви за добивање на УЕФА Б, УЕФА А и Национална Ц лиценца

Центарот за Едукација на Фудбалската Федерација на Македонија објавува упис за добивање на тренерски дипломи и лиценци, и тоа за следниве нивоа: УЕФА Б, УЕФА А и Национална Ц лиценца. Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување за еден од горенаведените курсеви во прилог на своето барањето треба да ги достават и следниве документи: За УЕФА Б Курс: – Најмалку 22 години старост, копија од лична карта или пасош – Најмалку 4 години активно играње фудбал во сениорска конкуренција во редовно натпреварување, во било која сениорска лига, потврда од клуб или…

повеќе...