По повод одбележувањето на годишнината од смртта на Григор Прличев, а истовремено и чествувањето на ликот и делото на најпознатиот писател и преродбеник, од денес со изложба на ликовни дела од колекцијата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид започна манифестацијата „Прличеви Беседи“.
Одбележувањето започна со свеченост посветена на лауреатот на наградата ГРИГОР ПРЛИЧЕВ.
Настап имаше хорот при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, со изведба на „1762 лето“ и „Билјана платно белеше“.
Пред присутните се обрати директорката на НУ Центар за култура, м-р Драгана Боцеска.
Свое обраќање имаше и претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска.
На свеченоста беше претставена наградената поема за 2013 год. „Азбукословецот“ од Иван Василевски. Наградата за најдобра поема се доделува секоја година во Охрид и е во организација на НУ Центар за култура, Просветно дело и Локалната самоуправа со поддршка Министерството за култура.
Доделувањето на наградата беше проследено со соодветна културна програма и читање на поемата во НУ Центар за култура „Григор Прличев“. Пред присутните се обрати лауреатот Иван Василевски.
Манифестацијата продолжува и утре и се состои од полагање цвеќе пред споменикот и гробот, прличева визита, посета на спомен куќата, со соодветна програма.
„Прличеви Беседи“ е манифестација која постои од 1952 година, започната од културните институции во градот Охрид во слава на преродбеникот и поетот од крајот на 19 век, Григор Прличев.
WebOhrid