Со полагање цвеќе и поставување ловоров венец пред бистата на Григор Прличев во дворот на истоименото основно училиште и со пригодна беседа во дворниот простор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ денес продолжија Прличевите Беседи кои започнаа вчера.
Во рамки на чествувањата посветени на Григор Прличев, денеска градоначалникот Никола Бакрачески, положи цвеќе на гробот на лавроносецот по што во неговата спомен куќа ја проследи пригодната програма „Уметниците за Прличев“ одржана во негова чест, по што внуката на Григор Прличев Олга Прличева на охридскиот Звод и музеј им подари икона од Св. Никола и оригинална фотографија од учителствувањето на Прличев во солунската гимназија.
Празнувањата продолжија во НУ Библиотека „Григор Прличев“ каде се одржа презентација на ЦД издание во аудио форма за животот и делото на Прличев до објавувањето на поемаата „Сердарот“ по што се одржа традиционалната визита.
Овогодинешните чествувања завршуваат попладнево во Центарот за Култура со ликовната изложба и доделување награди на победниците од конкурсот за литературни и ликовни дела објавен од ОУ „Григор Прличев“ по што ќе следи свечена приредба на учениците од ова основно училиште.
Инаку, Прличевите беседи започнаа вчера, а централно случување беше претставување на наградената поема за 2013 „Азбукословецот“ од Иван Василевски.
На свечениот чин на врачување на Повелбата и Наградата на годинешниот добитник Иван Василевски присуствуваше претседателката на Совет Гордана Коњаноска.
Во организација на годинешните Прличеви Беседи учествуваа Општина Охрид, Националните установи: Центар за Култура и Библиотека „Григор Прличев“ и истоименото основно училиште.