Комуналната инспекција и редарските служби при општинскиот инспекторат од понеделник 10-ти февруари ќе работат во две смени со цел да се врши поголема контрола на јавната чистота, односно сите несовесни граѓани кои ќе бидат затекнати како фрлаат отпад, градежен шут или зелен отпад на несоодветни места или притоа ја загадуваат и нагрдуваат околината, ќе бидат казнети согласно Законот за јавна чистота.
Сопствениците на приватни имоти мора да се придржуваат на членот 6 од Законот за јавна чистота кој гласи:
„Корисниците, односно сопствениците на отворените простории на јавните објекти и на дворните површини на колективните и идивудуалните објекти за домување, се должни истите уредно да ги одржуваат на начин со кој не се нагрдува и деградира просторот во урбаните средини и редовно да го отстрануваат сметот од истите“.