НАСА објави фотографии како изгледаат Земјата и Месечината гледани од Марс

Американската вселенска агенција НАСА, објави фотографија која ја сними роверот Кјуриосити од Марс, а на која можат да се видат Земјата и Месечината како точки во вселената.

Фотографијата, на која веднаш под Земјата може да се забележи и Месечината, е направена нешто повеќе од еден час по зајдисонце на 31 јануари.

Земјата која за време на фотографирањето се наоѓа на 160 милиони километри од црвената планета, сјае како најсветла ѕвезда на ноќното небо на Марс.

Според експертите од НАСА, човек кој би стоел на Марс, би можел без проблем да ги набљудува Земјата и Месечината со голо око, иако на таа одалеченост тие би наликувале на ѕвездите кои ги гледаме од Земјата.