Здружението за заштита и унапредување на животна средина и алтернативен туризам ЈАДРАНСКИ СЛИВ Охрид, ќе започне со реализација на проектот со едукативна содржина наречен „Амбасадори на живиот свет на Охридско Езеро“, чија цел е едукација на ученици од основно и средно образование за видовите на риби од Охридско Езеро и неговиот слив, целокупната флора и фауна на езерото, правилно развивање и потикнување на спортско – рекреативниот дух во спортско рекреативниот риболов и огромното значење на правилниот пристап кон заштитата и унапредување на животната средина.
Проектот ќе се одвива преку предавања во основните и средните училишта во Охрид и Струга, преку издавање на брошури и едукација. Проектот ќе започне со реализација утре, понеделник во 12 часот, во основното училиште Христо Узунов Охрид.
Предавач на проектот е Радован Димитриески, носител на Проектот, д-р Трајче Талески, експерт за рибарство од Хидробиолошкиот Завод и Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридско Езеро.